Факти кои докажуваат дека луѓето имаат супермоќи

Дали сте знаеле дека брзината со која што човекот кива изнесува 160 километри на час?!

Погледнете ги овие 20-те факти кои што ја илустрираат необичноста на функционирањето на човековото тело и кои покажуваат дека поседуваме многу повеќе моќи од оние за кои што сме свесни. Досега никогаш не сме придавале важност на нашите скриени моќи но после ова сигурно тоа ќе се смени.

1. Кога човековото тело би се извадило од градниот кош, истото одредено време ќе продолжи да отчукува затоа што има сопствен систем благодарение на кој, изложено на воздух, тоа и понатаму прима кислород.

2. Поради силината на желудочната киселина, слузокожата на желудникот во целост се обновува на секои три до четири дена.

3. Брзината со која што човекот кива изнесува 160 километри на час.

4. Вкупната должина на човековите крвни садови изнесува 96.560 километри, што е доволно истите да се обвиткаат околу Земјиниот екватор… Два и пол пати!

5. Човековото срце за еден ден произведува количина на енергија со која што еден камион би можел да се напојува повеќе од 30 километри.

6. Со енергијата која што срцето ја произведува во текот на целиот живот би можело еден камион да отиде до месечината и назад.

7. Човековата кожа во текот на животниот век од 70 години отфрла огромен број на мртви клетки од кои што би можело да се направи цел човек од околу 47 килограми.

8. Човекот во текот на животот произведува количина на плунка доволна за да се наполнат цели два базени.

9. Освен петте општо познати сетила, човекот има и дополнително сетило кои што се нарекува проприоцепција.

Станува збор за комбинирана свест на мозокот за движењата на мускулите и чувството за положба, облик и големина на деловите од телото.

Благодарение на ова сетило, луѓето се способни да допрат било кој дел од сопственото тело и кога истиот не го гледаат.

10. Кога човековото око би било камера, неговата резолуција би била 576 мегапиксели.

Само како споредба, камерата со најголемата резолуција “Mamiya DSLR” има 80 мегапиксели и истата чини 34.000 долари.

11. Човековото тело за еден час произведува 180 милиони црвени крвни зрнца.

12. Ако во текот на бременоста мајката повреди некој од внатрешните органи, бебето од матката и испраќа матични клетки за “санација” на повредата.

13. Истражувачите во човековиот папок пронашле 1.458 нови видови на бактерии.

14. Човекот може да го ресетира сопствениот ритам на спиење доколку ја насочи светлината во задниот дел од колената.

31.03.2014 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега