Зголемен бројот на индустриски работници

Државниот завод за статистика денеска објави дека бројот на работниците во индустријата во февруари 2014 година е зголемен за 6,8 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 0,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 8,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,7 отсто, а sпоред главните индустриски групи, бројот на работниците бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9  отсто, Капитални производи за 75,4, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 1,8 отсто.

31.03.2014 - 15:02
Фото: 
denesen

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега