Сакате да имате одличен секс- еве кои денови се најпогодни за тоа

Во текот на месечниот циклус жените поминуваат низ повеќе фази во кои имаат сосема спротивно сексуално расположение. На голем број жени овие нагли промени им пречат,но тие не знаат да ги контролираат и усогласат со потребите на своето тело.

1-5.ден од циклусот

Почетокот на менструалниот циклус е фаза во која нема раздразливост, надуеност и чувство на тежина. Таа фаза настанува бидејќи нивото на хормонот естроген се зголемува. Доколку имате болна менструација, уживајте во страсните допири, бидејќи сексот може да ги смири болките. Во текот на оргазмот се ослободува ендорфин (хормонот на среќата) кој е и природен опијат и ги смирува болките.

6-8.ден од циклусот

Идеален период за експерименти во кревет, бидејќи вашата самодоверба повторно е на врвот. Во овој период надокнадете се што сте пропуштиле за време на менструацијата.

9-14.ден од циклусот

Во овој период  вашето тело се подготвува за овулација и овулира. Естрогенот го достигнува врвот, а вие се чувствувате како права заводничка. Жените во овој период се чувствуваат заносно и секси, често облекуваат тесни фустани и блузи со деколте . На основа на сево ова можеме да заклучиме дека ова се најдобрите денови за секс . За било која поза да се одлучите, ќе  го достигнете врвот, бидејќи вагината во овој период е изразито осетлива.

15-19.ден од циклусот

Ова е период кога нема да бидете толку расположени за секс, но тоа е сосема нормално. Нивото на естроген значително се намалува  и тоа влијае на вашето расположение . Во овој период најмногу ќе ви годи да се милувате со партнерот.џСо оглед на тоа дека во овој период се чувствувате изморени, одберете некоја едноставна поза и препуштете му се на партнерот.

20-28 ден од циклусот

Ова е најнеповолниот период за жената, бидејки тогаш е изразито раздразлива  и депресивна. Нивото на естроген е изразито ниско. Кога ќе влезете во овој период, ќе ви годат топли и мирисни купки, а во креветот најмногу ќе ви годи партнерот орално да ве задоволи.

Извор: Попара

31.03.2014 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега