ВИДЕО: Модните агенти во потрага во „жежок“ модел во руралните предели на Бразил

Откако модните агенти ги пронајдоа Бразилките Жизел Бундхен и Алесандра Амброзио кои направија вистински бум во светот, далеку од светлата на големите градови тие станаа најплатени супермодели во светот. Поради оваа причина модните скаути решија да се упатат во селските предели на Бразил во потрага по нови лица.

Тие се надеваат дека во некоја од провинциите ќе најдат вистинска убавица, неизбрусен дијамант, која е производ од совршената комбинација на генетскиот материјал на Европа и Јужна Америка и која ќе се пробие во светот на модата.

Скаутите најчесто бараат млади девојки, некогаш дури и девојчиња кои се уште се во основно училиште, а некои се дури и во пелени бидејќи така имаат најмногу шанси и време за да се формираат во нова Жизел Бундшен.

Погледнете како изгледа потрагата по нови лица во руралните предели на Бразил.

01.04.2014 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега