Си го избодел соселанецот поради кавга - инцидент во кривопаланечко

20 годишниот А.В. (20) од кривопаланечкото село Конопниц ќе одговара за кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Споре МВР, А.В. на 26. април годинава, земал нож и го прободел својот соселанец С.С.. Напаѓачот веднаш избегал од местото на настанот, а повредениот бил пренесен во Здравствениот дом во Крива Паланка каде му е укажана лекарска помош.