Се поголем број Грци се самоубиваат

Во Грција во текот на 2011 година регистрирани се 26 проценти повеќе самоубиства во споредба со претходната година, за што експертите причината ја бараат во економската криза во земјата, објави денеска Грчката статистичка агенција „Елстат“.

Вкупниот број на самоубиства во Грција во 2011 година достигна до 477, при што 82 проценти биле мажи, но бројот на жените е двојни зголемен во однос на 2010 година.

Во Атина, каде живеат речиси третина од 11 милиони Грци, во 2011 година имало 35 проценти од вкупниот број на самоубиствата, потоа следат северниот дел на земјата со 11 отсто и со 7,7 проценти островот Крит.

најчитано сега