Д-р Хаус: Играчите на Барселона паѓааат како “порцелански фигури“

Англискиот актер и музичар, уште познат по улогата на легендарниот д-р Хаус во познатиот серијал, се пошегува на сметка на каталонците за начинот на кој заработуваат фаули.

“Не разбирам како фудбалерите на Барселона може да ја допрат топката, без да си ги скршат нозете. Тие паѓаат како мали порцелански фигурини”, напиша Лори на својот Твитер профил по натпреварот на шампионите со Еспањол.

Тој во едно интервју изјави дека е голем обожавател на фудбалот.

“Гледам секаков фудбал. Го поддржувам Арсенал, но не би имал ништо против, ако станува збор за натпревар од четвртата дивизија во некое првенство од Источна Европа. Страста е присутна уште од дете, но од неодамна веќе сите овие натпревари се достапни”, рече тогаш актерот.

02.04.2014 - 17:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега