„Дијатек“ ќе инвестира 10 милиони евра во Македонија

Maкедонскиот премиер Никола Груевски, на синоќешниот централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека во Македонија ќе инвестира глобален лидер во технологијата на дигитално печатење. Италијанската компанија „ДИјатек“ најавила дека во земјава ќе инвестира 10 милиони евра.

Првиот човек на ТИРЗ, Виктор Мизо истакна дека “Дијатек“ во петокот ја соопштил одлуката дека во зоната 1 во Скопје ќе инвестира 10 милиони евра

-Компанијата од Северна Италија одлуката ни ја соопшти во петокот, а вчера и официјално ја објави на својата страна. Компанијата во Скопје ќе има производствен погон и логистички центар за што ќе вложи 10 милиони евра, а ќе се вработат 200 лица. Производството од фабриката во Македонија ќе биде наменет за Источна Европа и Медитеранот, рече Мизо.

Мизо вели дека на оваа инвестиција и претходеле шестмесечни преговори, а директорот заедно со вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски оствариле неколку директни средби со претставниците од компанијата

„Дијатек“ има свои погони и во Германија, Франција, Швајцарија и Америка.

06.04.2014 - 14:08
Фото: 
Фактор

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега