Виктор Мизо: Ќе има брзо раздвижување на гевгелиската економија со инвестициите во зоната

Директорот на Дирекцијата за слободни економски зони, Виктор Мизо попладнево беше во посета на Гевгелија и ТИРЗ Прдејци со цел да најави брзо раздвижување на гевгелиската економија со инвестициите во зоната кои се очекуваат во наредните четири до пет недели.

- Во моментот има неколку компании кои изразуваат интерес да лоцираат производство во постоечки објекти и нив ги очекуваме да дојдат во следниот период, рече Мизо на средбата со стопанствениците од општина Гевгелија.

Тој потенцира дека Гевгелија е еден од неколкуте најважни градови каде треба да дојдат инвестиции од италијански и турски компании кои ги разгледуваат можностите, поради што, кажа, треба да видиме што е најсоодветно да им се понуди.

- Преку Турската стопанска комора пред извесно време заинтересираност за вложување во општина Гевгелија најави една Слободна економска зона лоцирана во европскиот дел на Турција, која има намера тука да донесе неколку фабрики, истакна Мизо и појасни дека за нив најпривлечни биле не така големата оддалеченост од Турција, блискоста со пристаништето во Солун и поевтината работна сила за речиси 50 отсто споредено со Турција.

07.04.2014 - 19:37
Фото: 
евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега