Рунтевски на средба со извозници на јагнешко месо

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски денеска ќе ја посети кланицата „Серта“ во Кавадарци при што ќе оствари работна средба со менаџерскиот тим.

Целта на посетата е да се согледа состојбата со извозот на јагнешко месо во предвелигденскиот извозен период, пренесе МИА.

Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска ќе има средби и со претставници на ветеринарни станици и оператори со храна од овој регион.

09.04.2014 - 10:03
Фото: 
Попара.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега