„Златна зора“ учествувала во геноцидот во Сребреница

Припадници на екстремно десничарското неонацистичко политичко движење во Грција „Златна зора“, учествувале во војната во Босна и Херцеговина.

- Постојат цврсти докази дека Грци, меѓу кои сигурно и членови на „Златна зора“, биле под лична команда на Ратко Младиќ и Радован Караџиќ. Грците заедно со Младиќ влегле и извршиле геноцид во Сребреница. За жал во обвиненијата против Младиќ и Караџиќ ниту еднаш не се спомнуваат злосторствата на Грци и други странски доброволци за време на геноцидот во БиХ, тврди Авдо Хусеиновиќ, истражувач на воените злосторства во БиХ во разговор за Анадолија. 

најчитано сега