Кристијано Роналдо го пропушта финалето против Барселона

Повредата на Кристијано Роналдо изгледа е посериозна отколку што бае првите проценки од клубот. Роналдо  не го одигра реваншот во четвртфиналето од ЛШ против Борусија Дортмунд, а остана на клупата иако Реал Мадрид губеше со 2:0. Според најновите информации тој би можел да го пропушти и првиот полуфинален меч од елитното натпреварување.

Роналдо на првиот натпреавр  со Борусија на почетокот на април ја повреди задната ложа, а речиси е сигурно дека ќе го пропушти финалето од Купот на Кралот против Барселона кој се игра следната среда, односно на 16-ти април.

Најдобриот фудбалер на светот ќе паузира во наредните две недели, па се поставува прашањето дали ќе биде подготвен за првиот полуфинален меч од ЛШ кој треба да се одигра на 22. или на 23.арпил.

10.04.2014 - 18:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега