Позната актерка на Оскарите си носела цело шише текила

31-годишната актерка Ен Хатавеј која беше водителка на церемонијата заедно со Џејмс Франко во 2011 година, сакала да биде сигурна дека ќе помине добро на настанот, па поради тоа отишла на церемонијата за Оскарите со шише текила.

“Сигурно, бидејќи бев водителка една година, не ја игнорирам досадата. Сум го правела тоа неколку пати до сега, затоа овој пат решив да направам нешто поинакво. Имам мало шише за алкохол, кое се вклопува во торбичката. Сипав текила во неа и поминав одлично! Беше многу убаво, го крши мразот “, вели таа.

Актерката вели дека оваа година било сè нормално, но речиси и го украла местото на Пенелопе Круз. “Мојот сопруг ме одведе до нашите места и седнав до пријателот  Џозеф Гордон-Левит, но тие рекоа дека јас ќе бидам во центарот на салата. Нешто се случило со Пенелопе Круз и јас ќе седам на нејзино место. Одам јас во центарот и гледам една жена во розово на моето место. И кога и реков дека е на моето место, таа се сврте и се покажа Пенелопе Круз. После две-три секунди започнуваше се. Не можев да стојам на среде салата, затоа седнав во скутот на мојот сопруг “, раскажува Ен Хатавеј. 

11.04.2014 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега