ВИДЕО: Погледнете како Антиќ ја заби на мечот со Бруклин

Нашата кошаркарска ѕвезда Перо Антиќ успеа да оствари триумф со Атланта над Бруклин со 93:88, при што Македонецот успеа да постигне четири поени за 18 минути. 

Покрај мечот Атланта Бруклин, се одиграа уште 13 натпревари во кои Голден Стејт со триумфот над ЛА Лејкерс од 112:95 обезбеди пласман во плејофот.

Стеф Кари беше човекот кој ја одбележа изминатата ноќ остварувајќи трипл-дабл од 30 поени, 10 скока и 12 асистенции, додека Кори Бруер во триумфот на Минесота над Хјустон од 112:100 забележа рекорд во кариерата постигнувајќи 51 поен. 

Резултати: Орландо – Вашингтон 86:96, Торонто – Њујорк 100:108, Бостон – Шарлот 106:103, Мајами – Индијана 98:86, Бруклин – Атланта 88:93, Чикаго – Детроит 106:98, Минесота – Хјутсон 112:110, Оклахома – Њу Орлеанс 116:94, Мемфис – Филаделфија 117:95, Милвоки – Кливленд 119:116, Сан Антонио – Феникс 112:104, Јута – Портланд 99:111, ЛА Лејкерс – Голден Стејт 95:112.

13.04.2014 - 09:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега