Драмата на Енфилд меѓу Ливерпул и Манчестер Сити заврши во корист на „црвените“

Со триумфот над Манчестер Сити во големото дерби, фудбалерите на Ливерпул успеаа да се доближат чекор поблиску до освојувањето на големиот трофеј во Премиер Лигата. 

Тимот од „Енфилд“ попладнево триумфираше во директниот дуел со нивниот најголем ривал за пехарот, Манчестер Сити, совладувајќи ги „граѓаните“ со 3:2. 

Головите за домаќините беа дело на Рахум Стерлинг, Мартин Шкртел и Кутињо, додека двата погодоци на Сити ги постигнаа Давид Силва и автогоолт на Глен Џонсон. 

На другите до сега завршени натпревари од 34.коло во Англиското фудбалско првенство постигнати се овие резултати: Ливерпул – Манчестер Сити 3:2, Вест Бромвич Албион – Тотенхем 3:3, Кристал Палас – Астон Вила 1:0, Фулам – Норвич 1:0, Саутемптон – Кардиф 0:1, Стоук – Њукасл 1:0, Сандерленд – Евертон 0:1. Од 17 часот и 7 минути играат Свонси – Челзи.

Поради натпревари во ФА Купот одложени се средбите Арсенал – Вест Хем и Хал – Манчестер Јунајтед. Табела: Ливерпул 77 бодови (34 одиграни натпревари), Челзи 72 (33), Манчестер Сити 70 (32), Евертон 66 (33), Арсенал 64 (33), Тотенхем 60 (34),

13.04.2014 - 17:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега