Избодел тинејџер, бркал скопјанка, демолирал трафика - скопјанец дивеел низ Ченто

Вчера вечерта на улицата „Маџари“ во Скопје, 19 годишниот Е.З. ја демолирал трафиката „Ан-Ган -ЈБ “ која била затворена. 28 годишната скопјанка Е.Б. видела што направил бесниот скопјанец и веднаш реагирала влегувајќи во расправија со него. Насилникот се збеснал и почнал да ја брка скопјанката со нож. Е.Б. успеала да побегне, но, тука не запрел насилничкиот поход на Е.З.

Тој здогледал момче кое седело пред бурегџилницата близу трафиката, му се приближил и му забодел нож во грбот.

Повреденото момче веднаш било пренесено во Ургентниот центар во Скопје, а Е.З. е приведен и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

најчитано сега