Падна првиот трофеј во рацете на Самсоненко

Сопственикот на македонскиот ракометен шампион Вардар Сергеј Самсоненко успеа да го дофати својот прв трофеј под водство на новиот клуб, откако Вардарци по втор пат успеаа да ја освојат СЕХА лигата. 

Во мини интервјуто за специјализираниот интернет портал за ракомет „Balkan-handball“ изјави дека најголема заслуга за успехот има тренерот Раул Гарсија, но и целата екипа.

-Тоа е заслуга на целата екипа, на секој играч посебно, но најголема заслуга има тренерот. Имам среќа со него, направив добaр избор. Долго го баравме вистинскиот човек за клупата, но вредеше да се чека. Тој беше првиот тренер со кој разговарав по оставката на Зоран Кастратовиќ, вели Самсоненко.

На прашањето како ќе изгледа Вардар следната сезона, Русинот даде интересен одговор.

-Следната сезона Вардар ќе биде уште посилен. За неколку недели многу работи ќе бидат познати. Можам да кажам дека договоривме 4-5 нови играчи, а 95 проценти од екипата останува.

Самсоненко беше потпрашан за Македа, Штербик и Лацковиќ, Самсоненко со насмевка на лицето прокоментирал само дека тоа се одлични играчи, но повеќе не сакал да коментира за новите имиња, ниту за тоа кој ќе го напушти клубот.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

14.04.2014 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега