Еве како да си ја процените интелигенцијата- погледнете се во огледало

Можеби звучи неверојатно но врз основа на цртите на лицето, можете да процените дали се работи за генијалец, човек со просечна интелигенција или пак некој кој е малку „спор.“

Eден чешки тим на психолози и филозофи спровел истражување во кое врз основа на ликот и цртите ја оценувале интелигенцијата. 160 испитувачи имале задача да ја оценат интелигенцијата на 40 студенти и 40 студентки.

Резултатите покажале дека машкиот коефициент на интелигенција зависи од обликот и ширината на ликот. Оние кои имаат тесно и издолжено лице, тенка брада и подолг нос се поинтелигентни од оние кои имаат широко лице, масивна брада и малечок нос.

Што се однесува до жените, важат истите правила, со тоа што кај нив влијае и среќниот израз на лицето. Насмеаните лица се оценуваат како поинтелигентни, отколку женските лути и тажни ликови.

 

Затоа, ако сакате да оставите впечаток на интелигентни личности, најмалку што можете да направите е да се насмевнете - советува професорот Клеиснер, кој дошол до овие резултати.

15.04.2014 - 17:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега