Тешка сообраќајка пред Прилеп - 4 лица со тешки повреди префрлени во болница во Скопје

Четири лица се тешко повредени во сообраќајка што се случила доцна попладнево на патот Градско -Прилеп, јавува Канал 5. Според информациите, поради неприлаодена брзина, дошло до судар меѓу џип марка Киа со охридска регистрација и автомобил Ситроен регистриран во Битола. 
Според првичните неофицијални информации кои ги пренсе телевизијата, повредените имаат тешки сршеници на главата, телото и екстресмитетите поради што со возило на итната медицинска помош се префрлени во Ургентниот ценар во Скопје. Полесно повредено е уште едно лице кое по укажаната помош во болницата во Кавадарци е пуштено на домашно лекување.

Дождот  кој  заврнал  пред  несреќата  го  направил  лизгав  коловозот  на  патот.

Час  и половина  претходно  сообраќајна  несреќа  се  случила  и на  патот  Кавадарци -  Дреново, во  близина  на  селото  возарци каде  се  судриле  товарно  и  патничко возило.
Во  оваа несреќа  лицата  се  здобиле  со  полесни  телесни  повреди.

најчитано сега