ФОТО: Шварценегер се пошегува на сметка на својот син

Се уште сме во дилема дали популарниот холивудски актер Арнолд Шварценегер се шегува или само се обидува да му го подобри расположението на својот штотуку опериран син?

На својот Инстаграм објави фотографија на која тој прави гримаси додека покрај него лежи неговиот син, Патрик, кој се уште е под анестезија по операција на црниот дроб.

20-годишниот манекен и актер Патрик Шварценегер пак, по будењето, на својот Твитер напишал: „Операцијата беше успешна. Се молам за брзо оздравување. Му благодарам на Шварценегер кој ме сликаше додека бев под анестезија.“  

18.04.2014 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега