Ферер го елиминираше Надал во Мастерсот во Монте Карло

Во четвртфиналниот меч од Мастерсот во Монте Карло, Шпанецот Давид Ферер го направи најголемото изненадување, откао успеа да слави над неговиот сонародник Рафаел Надал со 7:6 (7:1) и 6:4  и на тој начин да го елиминира најдобриот светски тенисер од овој турнир. 

Во изедначениот прв сет Ферер, иако го загуби првиот поен во тај брекот успеа да ги добие следните седум и да поведе со 1:0 во сетови, а во вториот сет оствари предност од еден берјк што беше решавачка за добивање на сетот воедно и на мечот.

За Ферер ова претставува прв триумф против Надал, на терен со земјена подлога по 10 години. Последен пат тој триумфираше во Штутгарт во 2004 година. 

Сега Ферер ќе го чека полуфиналниот меч каде силите ќе ги измери со Саислав Вавринка од Швајцарија кој пак славеше над Канаѓанецот Милош Раониќ со 2:0 (7:6 и 6:2) во сетови.

Во другите два четвртфинални меча, кои се играат попладнево двојките се: Рожер Федерер против Жо Вилфред Цонга и Новак Ѓоковиќ против Гиљермо Гарсија – Лопез.

18.04.2014 - 15:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега