ФОТО: Македонски фудбал - стадионот на Металург само за ватерполо

Вака изгледаше стадионот на Металург денеска пред одигрувањето на дербито со Вардар кое директно решава во борбата за титулата. Со оглед на тоа дека немаше ниту минимум услови за игра, Металург е задолжен во рок од 24 часа да најде стадион за да се одигра дербито. Единствен стадион кој може да одговори на потребите е арената Филип Втори но таму Вардар би бил практчно домаќин што на Металург не му одговара.

„Дербито треба да се одигра во наредните 24 часа, а Металург треба да понуди стадион. Во комуникација сме со клубот и набрзо ќе има одлука. Во среда веќе има друго коло, така што не постои можност за одложување на мечот за подолг период“, вели за ЕКИПА, комесарот за натпревари при ФФМ, Васко Дојчиновски.

19.04.2014 - 16:24
Фото: 
Екипа

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега