Рајан Гигс седнува на менаџерското место на Манчестер Јунајтед место Мојс

Играчот на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс ќе седне на тренерското место на Манчестер Јунајтед како привремен стратег, по отказот на Дејвид Мојс по катастрофалната сезона на „црвените ѓаволи“. 

Гигс кој има најголем број на трофеи освоени со тимот од соништата, ќе биде на менаџерското место се додека не се најде трајно решение, се вели во соопштението објавено на клупската веб страна.

40-годишниот Гигс дебитираше за Јунајтед во март 1991 година. До сега за „црвените ѓаволи“ одиграл 962 натпревара и освоил 13 шампионски титула во Англија, два трофеи во Лигата на шампионите, четири во ФА купот, четири во Лига купот и една титула светски клупски првак.

22.04.2014 - 19:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега