„Јуниорите“ станаа првиот странски тим кој славеше на турнир во Франција

Кошаркарскиот тим на Јуниор кои го сочинуваат играчи од генерацијата 2003, успеа да салви на турнирот во францускиот град Бурбур, и да стане првиот странски тим кој успеал да слави на вакво натпреварување. 

„Јуниорите“ успеаа да бидат најдобри во конкуренција на 24 екипи од силни кошаркарски земји како што се Франција, Белгија, Русија, Швајцарија, Литванија, Полска, Холандија и Германија, искажа тренерот Дарко Димитријевиќ.

- Задоволни сме од пласманот, бидејќи се натпреварувавме на силен меѓународен турнир. Остваривме позитивен резултат со биланс пет победи и три порази. Два од трите загубени натпревара беа од финалистите. Имавме згуснат распоред со одигрување на три средби дневно. Турнирот беше брз и динамичен и тоа наметна да играме во силен ритам. Доколку имавме среќа со вкрстувањето по завршувањето на групната фаза, можевме да се пласираме и на едно од првите три места, изјави за МИА тренерот Димитријевиќ.

Димитријевиќ дополни дека искуството на овие млади играчи кои го стекнаа на вакви силен меѓународен турнир претставува искуство од огромно значење за нивниот понатамошен развој. 

Јуниор во крајниот пласман зад себе остави екипи како ЦСКА Москва, Алба Берлин, Сабонис Академија и други големи кошаркарски имиња.

Успехот на Јуниор е надополнет со изборот Никола Василевски да учествува на „Ол Стар“ натпреварот.

22.04.2014 - 19:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега