Страшни главоболки за Мурињо - Чех и Тери во аут до крајот на сезоната

Во вчерашниот полуфинален меч од ЛШ, тимот на Жозе Мурињо Челзи, остана без двајцата играчи во одбраната, голманот Петар Чех и капитенот Џон Тери. За Чехот кој заработи сериозна повреда на рамото, во обид да ја спаси мрежата на својот гол, мораше предвреме уште во 18 минута да го напушти теренот. 

За Тери пак има надеж дека ќе го игра финалето, но мали се надежите за Англичанецот. Дополнителни проблеми за Мурињо ќе биде и саботниот меч против Луверпул, кои сините го играат во директен дуел за првото место во Премиер Лигата. 

По натпреварот Мурињо даде изјава за повредените играчи.

- За Чех сезоната е завршена, додека за Тери ќе мора да се избориме за финале во Лигата на шампионите, за тој да може евентуално да игра, рече тренерот на Челзи.

„Сините“ од Лондон в недела имаат дерби натпревар во Премиер лигата во борба за шампионската титула против Ливерпул на гости, а во среда (30 април) го играат и реваншот од Лигата на шампионите со Атлетико Мадрид (првиот натпревар заврши 0:0).

23.04.2014 - 09:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега