Околу 21 отсто од браковите во кои жените се болни завршуваат со развод

Според најновите американски истражувања податоците спроведени на 500 брачни двојки, каде што кај едниот партнер била дијагностицирана тешка болест како рак или мултиплекс склероза покажуваат дека статистичките податоци за развод меѓу нив биле просечни, но понатамошното истражување покажува дека бракот завршува со развод почесто кога се болни жените.

Имено, жените се многу подобри во подонесувањето на тешки ситуации отколку мажите. Меѓу 23 разводи забележани кај пациенти со мултиплекс склероза е откриено дека во 22 разводи оболените биле жени, а само во еден случај, оболениот е маж.

Откритието на таковиот феномен се потврдува , и кај други болести – од 23 пациенти со тумори на мозокот , кои беа со распаднати бракови, 18 беа жени, а од 14 пациенти болни од рак , 13 беа жени.

Инаку, 21 проценти од браковите во кои жените се болни завршуваат со развод, што е спротивно на трите проценти од браковите во кои мажот е болен, врз основа на што научниците заклучуваат дека е очигледно дека жените се посилни кога станува збор за останување со болен партнер.

24.04.2014 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега