Никој не знае каде се - исчезнаа Заев и Шеќеринска

 

Ниту трага ниту гласа од лидерот на СДСМ, Зоран заев и неговата заменичка Радмила Шеќеринска по катастрофалиот пораз на изборите во недела. Откако го зголемија партискиот минус на огромни 200.000 гласа, Заев и Шеќеринска не се појавуваат во јавност. Последното обраќање на Заев во јавноста беше веднаш по завршувањето на неделното гласање. Лидерот на СДСМ тогаш рече дека не ги признава изборните резултати, изјава што беше пречекана со потсмев од домашната и меѓународната јавност. Неговата партија и вчера држеше прес конференција но наместо Заев пред новинарите застана Пендарвовски и Генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски. Извор од Бихаќка велат едка во партијата атмосферата е тензична. Се поголем станува јазот меѓу поддржувачите на Заев и неговите политики и оние кои што бараат промени внатре во партијата, за „нов почеток“. 
Радмила Шеќеринска нема јавен настап уште неколкудена пред изборите, а целосно замре и активноста на лидерскиот двоец на социјалните мрежи, иако во предизборието, целата кампања на СДСМ се базираше токму на новите медиуми. 
Последниот пост на официјалната фан страна на Заев на Facebook е на денот на изборите, а иста е ситуацијата и со Шеќеринска, додека на Twitter и двјацата не биле активни повеќе денови.

29.04.2014 - 13:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега