Лоша вест: Еве до кога ќе врне дожд

Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 3°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 11°C односно до 21°C, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, Weather4All

Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 9°C, а максималната дневна температура до 19°C.

Во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер. Утринските температури од 3°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12°C односно до 22°C. 

Во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне со слаби локални врнежи од дожд. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури од 3°C до 12°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 15°C до 24°C.

Иако на подолг рок не може да се даде некоја прецизна прогноза, сепак, месечните предвидувања велат дека целосно разведрување може да очекуваме дури во втората половина на мај.

29.04.2014 - 22:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега