Ќе се спасиме ли конечно од дождот?

Времето во Македонија претпладне ќе биде врнежливо, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време. Облачноста во попладневните часови ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 10, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд, а попладне со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно, но потопло време, со кратки сончеви периоди претпладне, а попладне со локален пороен дожд проследен со грмежи. Такво време ќе имаме и за првомајскиот празничен ден. Извесно преодно подобрување на временската состојба со посончево време ќе има во петок. 

30.04.2014 - 09:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега