Дождот им помогна на земјоделците - очекуваат рекорден род на пченицата

Земјоделците очекуваат рекорден род на пченицата ако временските услови се подобрат и доколку повторно заврне дожд кон крајот на мај.

- Дождовите што ја зафатија Македонија деновиве може да предизвикаат појава на вид штетник кој го јаде листот. Затоа треба да се реагира веднаш кога времето ќе се поправи, да се испрска со пестициди и инсектициди, рече на прес-конференција Мемет Синани, производител на пченица од Полошко и заменик претседател на ФФРМ.

Претставувајќи ги активностите за следните две години, претседателот на ФФРМ Никола Стаменов подвлече дека договорното производство, организираниот пласман, соработката со државните институции, банките и осигурителните компании, остануваат приоритет.

- Без договорно производство и организиран пласман нема напредок во земјоделството. Клучно е и што поинтензивното вклучување на младите, како и на жените фармери во агросекторот, нагласи Стаменов кој уште еднаш ја потенцира потребата од осигурување на посевите што мора да биде, рече, обврска на секој земјоделец.

30.04.2014 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега