Се јавија малолетничките кои заминаа на џихад во Сирија: Убаво ни е тука, поздрав до сите!

Се јавија малолетничките по кои трага Интерпол. Се работи за две малолетнички од Босна кои заминале на џихад во Сирија.

Како што пишува весникот "Kronen cajtung", едното од девојчињата, 16-годишната Самра, се јавила на својата сестра и и рекла семејството да не се грижи бидејќи во Сирија и е супер. Како што пренела сестрата, Самра и велела дека ништо лошо не и се случило и не сакал да го открие местото каде се наоѓа со другата малолетничка.

За потсетување, 15-годишната Сабина Селимовиќ и 16-годишната Самра Кешиновиќ, на почетокот на месецов побегнале од своите домови на џихад во Сирија. 

30.04.2014 - 14:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега