Затворен за сообраќај мостот „Гемиџии“

Од денеска е затворен за секаков вид сообраќај и за пешаците мостот „Гемиџии“ или попознат како Нов мост во Велес.

Според известувањето од Мартин Мајсторов портпарол на Општина Велес, мостот „Гемиџии“ ќе биде затворен за сообраќај и движење се до 31. август годинава.

Во овој временски период сообраќајот ќе се одвива преку Стар мост,односно преку улицата „8 септември“ преку Стар мост кон улица „Петре Прличко„ и улицата „Димитар Влахов“.

Од СВР Велес соопштуваат дека товарните возила кои влегуваат во Велес откај Штипска клучка, во овој временски период се упатуваат преку Населбата Речани кон крстосницата Башино Село,каде ќе можат да влезат во Велес.

30.04.2014 - 14:47
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега