Дождот направи проблеми - се излеа Злетовска Река

 

Поради обилните врнежи дожд и надојдените води од топењето на снегот од Осоговијата, Злетовска Река денеска се излеа од коритото низводно во атарите на селата Жиѓанци, Новоселани и Лепопелци во општината Чешиново-Облешево.

- Направивме увид на лице место и констатиравме дека 40 хектари се поплавени од надојдените води на Злетовска Река. Со првите количини на нафта кои ги добивме го саниравме коритото на Реката кај село Уларци, бидејќи минатата година таму имавме поплави, истакна Борче Сандев, преставник на општина Чешиново-Облешево по увидот на теренот.

Тој истакна дека општината ги известила Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување за поплавите во атарите на трите села, и очекуваат во текот на попладневните часови да пристигне механизацијата за да се исчисти дел од коритото и водата да се повлече во него. 

30.04.2014 - 15:55
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега