Вардар и Металург за прв пат во домашната лига ќе се пресметаат на паркет!

Екипите на Вардар и Металург попладнево за прв пат ќе ги измерат силите на паркет, во рамки на битката за шампионската титула во домашното првенство. Досега вљубениците во овие две екипи имаа можност пресметките да ги гледаат на ракометна подлога „герфлор“ во спортскиот објект во општина Карпош. Но денеска одлуката на управата на „црвено-црните“ реши да се игра на паркет, најмногу поради играње во ист дел со кошаркарите на МЗТ Скопје, кои исто така се во улога на домаќини во најголемата спортска арена во престолнината.

Вадењето на „герфорот“ помеѓу двата натпревари ќе одземеше многу време, што можеше дополнително да го пролонгира ионака доцниот старт на кошаркарскиот меч на „металците“ против Куманово, поради што беше донесена ваква одлука.

 

02.05.2014 - 17:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега