„Татко ми спасуваше туѓи животи, а еве како заврши“ - раскажува синот на убиениот хирург

Познатиот хирург од Краљево, др- Слободан Лукиќ (66), долгогодишен шеф на Одделот за хирургија при Здравствениот дом "Студеница" во неделата ладнокрвно беше убиен од страна на пензионираниот поштенски службеник Будимир Милосављевиќ (76).

Убиството се случило околу 08:30 во предниот дел на зградата каде што живеел хирургот, и по убиството на лекарот, Милосављевиќ се обидел да изврши самоубиство, но бил спречен од минувачите. 

Др- Звонимир Веселиновиќ директор на Здравтвениот дом Студеница изјавил дека др- Лукиќ вечерта бил дежурен и имал итна операција па веднаш по дежурството, тргнал накај двојот дом.

- Мојот татко целиот живот го посвети за својата работа. Целиот работен век го помина спасувајќи тужи животи, тој незнаеше што е празник, за викенд или пак за слободен ден, а еве како заврши..., ова го изјави помладиот сина на убиениот хирург.

 

 

 

06.05.2014 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега