Од веселба до тепачка: Му дошле гости, па на крајот ги избодел со нож

40- годишниот Драган Милетиќ од Бања Лука во саботата во својата куќа со нож ги избодел 40- годишната Раденка Зељковица и 31- годишниот Немања Морачу.

Во полицијата овој случај е пријавен во саботата околу три часот по полноќ, а инцидентот се случил како што дознала полицијата, по расправијата меѓу нив тројцата.

- Сите бевме во домот на Драган, пиевме, во еден момент жестоко почнаа да се расправаат, па Драган отишол да го земе ножот и ги избодел Раденка и Немања, изјавил за поолицијата близок пријател на настраданите.

 Раденка  се здоби со убодни рани во пределот на рамената и градниот кош, и поради тоа е задржана во болница, додека пак Немања поминал со полесни повреди и е пуштен на домашно лекување.

 

 

 

 

 

06.05.2014 - 09:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа