Трагедија: Момче загина бранејќи го својот татко од лихвари

20- годишниот Кристијан Јовановиќ од Чуприја во сабота беше убиен откако го бранеше својот татко од лихвари.

Таткото на Крстијан, Саша го наговорувал својот син да не оди бидејќи можат да го убијат, но тој не го послушал. Момчето при расправијата си доби куршум во главата. Откако насилниците сфатиле што направиле веднаш избегале.

Момчето веднаш било пренесено во болницата во Чуприја но по неколку часа починало. Полицијата трага по убијците на ова 20- годишно момче.

- Еден маж му се јави  на телефонот на Саша, таткото на Кристијан да се видат и да разговараат за некој долг, тој отиде, но тоа не беше разговор, туку тепачка. Осомничените извадија пиштол и пукаа во главата на Кристијан. Кога насилникот виде што направи го фрли пиштолот и избега, раскажува роднина на семејството.

 

 

 

06.05.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега