Мурињо си заработи казна од 10.000 фунти

Жозе Мурињо, менаџерот на Челзи, е казнет со 10.000 фунти поради коментарите дадедни во медиумите на сметка на судијата по поразот на домашен терен од Сандерленд.

Мурињо ја заработи казната поради тоа што не беше задоволен од судењето на Мајк Дин и неговите помошници, а Сандерленд кој тогаш се бореше за опстанок успеа да го победи Челзи во Лондон со 2:1.

 

По тој пораз „сините“ го загубија чекорот во борба за титулата во Премиер лигата. Загубениот натпревар од Сандерленд на 19.април водено значеше крај на серијата на Мурињо без пораз на „Стемфорд бриџ“. По 77 натпревари Португалецот загуби првенствен натпревар на домашен терен како менаџер на Челзи. Во изјавите Мурињо за судењето на Дин истакна дека било „фантастично“ и „неверојатно“.

 

Челзи на едно коло до крајот на Премиер лигата е на третото место со четири бодови помалку од лидерот Манчестер Сити.

09.05.2014 - 09:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега