Заев нема ништо против лажењето

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не му се лутел на Црвенковски ниту што му свртел грб ниту што лажел во изјавите за него. За него сето тоа било демократски, пишува Република.

Заев во интервју за „Нова ТВ“ на прашањето дали е изненаден од интервјуто на Црвенковски, каде што со изјавите му сврти грб, признава дека во партијата има многумина што не го посакуваат на лидерската позиција:

- Нема место за лутење, демократски е да има различни мислења. Не сум ни изненаден, и други мои другари во партијата не ми искажаа доверба на ЦО. Тоа се Горан Минчев, Андреј Петров, Ана Павловска-Данева, Јани Макрадули и уште неколкумина. Тие се мои партиски другари и јас апсолутно го почитувам нивниот став, без разлика што не ми е во корист. Конгресот в недела ќе покаже дали ќе продолжиме по патот по кој сме тргнале, делегитимирање на оваа забегана власт, вели Заев.

Претходно за само 24 часа Црвенковски, Заев и Пендаровски јавно си испратија „поздрави“ во кои меѓусебно се нарекуваа лажговци.

 

 

 

 

 

09.05.2014 - 12:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега