Ахмети: Ги доближуваме платформите со ВМРО-ДПМНЕ

Во постојан контакт сме со Груевски и секојдневно разговараме за приближување на платформите. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по вчерашната средба со косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај во седиштето на ДУИ во Мала Речица, вели дека се водат интензивни преговори за формирање нова Влада.

„Ние сме во секојдневни контакти затоа што функционерите од двете партии во претходниот состав на владата се на своите позиции до составувањето и изборот на новата влада и тие имаа секојдневна редовна комуникација. Двете партии имаат легални платформи и во моментот се водат разговори за доближување на  двете платформи“  - изјави Ахмети

09.05.2014 - 12:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа