РК Вардар: Да направеа нашите Комити ваков скандал што ќе се случеше?

Ракометниот клуб Вардар се огласи со соопштение по повод случувањата на пресметката со Металург во Автокоманда.

vardar-soopstenie-500

-На вчерашниот меч помеѓу екипите на РК Металург и РК Вардар, кој ракометарите од Автокоманда го добија и драстично ги зголемија шансите за титулата, се случија низа инциденти кои поради некоја причина останаа занемарени од медиумите.

Замислете тоа да го направеа нашите Комити!? Тоа ќе беше преплавено со објави, коментари, осуди, повикување на казни, и ред слични работи кон Вардар и неговите навивачи.

Пароли како што имаше испишано пред почетокот на мечот е ситна работа. Меѓутоа да дозволиш да се изврши напад на играч и официјални лица на Вардар е тоа е навистина за осуда. Комити и Вардар тоа не го дозволија на ниту еден начин. Вардар знае да ги осуди и казни дури и своите навивачи за ваков срам.

Слепо се бориме за правда и исти аршини во спортот меѓутоа лесно е да напаѓаш кога не ти одговара. Штета голема, се вели во соопштението на РК Вардар.

09.05.2014 - 12:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа