Вугринец и во наредните две години ќе го носи дресот на Металург

Играчот на Металург Ренато Вугринец најверојатно ќе го носи дресот на тимот од Авто Команда и во наредните две години, пренесува порталот „Екипа“. За Вугринец биле прифатливи условите од страна на Металург и наскоро се очекува и официјализирање на новата соработка. 

Словенецот од 2012-та е во Металург, а иако има 38 години тој игра во фантастична форма и е еден од клучните играчи на тимот од Автокоманда.

09.05.2014 - 13:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега