Македонска делегација предводена од Вељановски на прием кај Папата

Денеска папата Франсис ја прими македонската државна делегација предводена од собранискиот спикер Трајко Вељановски.

Претседателот на македонското Собрание денеска се сретна со поглаватарот на римокатоличката црква и го покани папата да дојде да ја посети Македонија.

- Со посетата на Папата ќе се даде дополнителен стимул за сите случувања во регионот, вели Вељановски.

Инаку, денеска македонската делегација положи и цвеќе на гробот на Свети Кирил.

најчитано сега