Малку сонце, малку дожд - температури до 28 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови променливо со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен на моменти засилен ветер од југозападен и западен правец.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу шест и 13, а дневната ќе биде од 19 до 28 степени.

 

Во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито.

Минималната температура ќе се движи околу 10, а максималната до 24 степени.

ФОТО: Денешен