Покрената судска постапка против сопственикот на Вардар Самсоненко

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска официјално информираше дека е покрената постапка во Судот на оваа ракометна инстутуција против претседателот на РК Вардар, Сергеј Самсоненко поради навредливи изјави во медиумите, пренесува Екипа.

samso

Како што се наведува во соопштението на ЕХФ постапката е поведена поради изјавите на Самсоненко за време на прес-конференцијата по реванш натпреварот од четвртфиналето во ЛШ против Фленсбург.

„За време на прес-конференцијата која се одржа во Скопје на 26.април 2014, Самсоненко под знак прашање ја постави независноста и непристрасноста на ЕХФ судиите. По испитувањето на комплетниот случај и комплетната документација испратени од предлагачот на постапката, претседателот на Судот на ЕХФ го прифати барањето за покренување постапка согласно правните регулативи на ЕХФ“ – информираат од ЕХФ.

Од Сергеј Самсоненко, ЕХФ сега бара да достави изјави за целиот случај најдоцна до 19.мај.

Оваа постапка за првиот човек на РК Вардар и тоа како доаѓа во незгоден момент, со оглед на тоа што клубот откако сосема извесно ја изгуби шампионската титула на домашната сцена по убедливиот пораз од Металург, сега токму од ЕХФ ќе бара и ќе се надева дека ќе добие Вајлд карта за евентуален бараж за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Но, постапката против Самсоненко и неговите претходни изјави против ЕХФ судиите се далеку од добра препорака за тоа, заклучува ЕКИПА.

09.05.2014 - 23:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега