Камерите си заминаа атмосферата се вжешти - детали од Конгресот на СДСМ

Жешка атмосфера на Конгресот на СДСМ. По овациите кои делегатите на СДСМ му ги дадоа на Заев пред телевизиските камери, на партискиот Конгрес почна жестока дебата. Извори од СДСМ за Press24 велат дека штом си заминале новинарите постарите членови на партијата и делегати на Конгресот удриле жестокот по Заев. Најжесток бил Есад Рахиќ кој му рекол на Заев дека сам треба да си поднесе оставка и дека е најголемиот виновник за големото неединство кое владее во партијата.
Горан Минчев, кој пред овој Конгрес го загуби статусот на делегат во моментот кога Заев влезе во салата во Александар Палас, стана од своето столче и си замина. 

Од СДСМ уште пред почетокот на официјалниот дел на Конгресот кој според праксата во партијата се одвива зад затворени врати и далеку од очите на јавноста најави дека дебатата најверојатно ќе се води до доцна во ноќта.

За да добие доверба на Заев му треба мнозинство од присутните делегати, но по услов да гласаат една третина од нив. Според партиските информации, на денешниот Конгрес на СДСМ поканети се 727 делегати.

11.05.2014 - 13:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега