Одбојкарската репрезентација подобра од Шведска

Одбојкарската репрезентација на Македонија со максимални три победи во претквалификациите за Европското првенство 2015 година, го заврши турнирот во  Струмица. „Црвено-жолтите“ вечерва ја совладаа Шведска со 3:1 во сетови – 31:29; 23:25; 25:19 и 25:22.
 
На овој дуел Александар Милков го имаше последниот настап во националниот дрес.
 
Избраниците на селекторот Жарко Ристовски претходните два дена ги победија Азербејџан и Грузија и како првопласирани одат во следната фаза од квалификациите.
 
На првиот натпревар од 3.коло во групата 3, Азербејџан ја совлада Грузија со 3:0.
 
Табела: Македонија 9 бодови, Шведска 6, азербејџан 3, Грузија 0.
 
Следниот викенд во Вроцлав, Полска, македонските одбојкари продолжуваат во втората фаза од евро-квалификациите. Тие во А-групата ќе се борат со домашната репрезентација, со Летонија и со Словенија.

11.05.2014 - 22:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега