Манчестер Сити ја освои Премиер лигата

Манчестер Сити е нов шампион на Англија. „Граѓаните“ попладнево заедно со 50 илјади навивачи на „Етихад“ во Манчестер, ја прославија четвртата титула, втора во последните четири години. Сити на дуелот со Вест Хем ја забележа 27.та победа во сезоната, иако му беше доволен и бод за искачување на тронот.
 
Головите за новиот шампион на последниот дуел сезонава ги постигнаа Самир Насри во 39.минута и Винсент Компани во 49.минута.
 
Конкурентот за врвот, тимот на Ливерпул кој се надеваше на „кикс“ на Сити, со пресврт стигна до трите бода на средбата со Њукасл за потврда на втората позиција.
 
Резултати на натпреварите од последното, 38.коло во најсилната  Англиска фудбалска лига: Кардиф – Челзи 1:2, Фулам – Кристал Палас 2:2, Хал – Евертон 0:2, Ливерпул – Њукасл 2:1, Манчестер Сити – Вест Хем 2:0, Норвич – Арсенал 0:2, Саутмптон – Манчестер Јунајтед 1:1, Сандерленд – Свонси 1:3, Тотенхем – Астон Вила 3:0 и ВБА – Стоук 1:2. 
 
Нов шампион е Манчестер Сити, во лигата на шампионите директен пласман обезбедија уште и второ и трето пласираните Ливерпул и Челзи. Квалификации за ЛШ ќе игра четвртопласираниот Арсенал.
 
Пласман во Лига Европа обезбедија Евертон и Тотенхем.
 
Премиер лигата ја напуштаат Кардиф, Фулам и Норвич

11.05.2014 - 22:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега