ВИДЕО: Најдобри пријатели се степаа- ни помалку ни повеќе туку за Миранда Кер

Несекојдневна глетка на улиците во Сиднеј. 

Џејмс Пакер новото момче на познатата убавица Миранда Кер и неговиот најдобар пријател Дејвид Гингел се степаа на сред улица во Сиднеј, а австралиските медиуми пишуваат дека причина за тепачката е ни помалку ни повеќе славната убавица од Викторија Сикрет.

Тепачката е забележана и овековечена од папараците, а двајцата мажи се парично казнети поради нарушување на јавниот ред и мир.

46 годишниот Пакер минатата година се разведе од сопругата и започна врска со убавата манекенка Миранда Кер, врска која наводно се држи во тајност ,поради тоа што поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“ скоро го објави разводот од сопругот Орландо Блум.

Гингел му беше кум на Пакер на венчавката, а двајцата милионери кои се пријатели уште од детсвото се степале поради блискиот однос на Дејвид Гингел со Миранда , што воопшто не му се допаѓало на љубоморниот Пакер, но и поради тоа што Пакер  не ја почитувал својата поранешна сопруга.

14.05.2014 - 12:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега