Перо Антиќ го „закачи“ националниот дрес

Перо Антиќ во интервју за Сител ТВ, го потврди она за коа одамна се шпекулираше, дека дефинитивно се повлекува од националниот дрес.

-Годинава имав повреди во НБА лигата. Во консултација со докторите, решив да го одморам телото. Бев цела година одвоен од семејството. Сакам да се спремам добро за следната сезона, изјави Антиќ во ексклузивното интервју за ТВ Сител.

Антиќ додава и дека сега е време близнаците Стојановски,  потоа Самарџиски, Брчков, па и помладите Двојаковски, Магдевски и Николов, да добијат шанса и да ја водат репрезентацијата.

14.05.2014 - 13:04
Фото: 
Денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега